|

КАНАР 92 е единствен производител во Македонија на противпожарни апарати, противпожарни хидранти, против- пожарни возила, противпожарни цистерни, специјални возила за гасење на шумски пожари. Фирмата е основана 1995 година со македонски капитал. Вкупниот број на вработени во фирмата изнесува 41 и тоа: 4 дипломиран машински инженери, 1 машински и 1електроинженер,31 вработени со вишо техничко образование и работни вештини од областа на машинското инженерство, 3 специјално обучени сервисери и 1 административен работник.
Производната програма за противпожарни средства на компанијата содржи:
- сите видови на противпожарни апарати со просечно годишно производство од 4000 парчиња;
- противпожарни возила со дупли и единечни кабини со цистерни за вода со капацитет 1000-5000 литри и цистерни за пена со капацитет 250-500 литри;
- противпожарни цистерни со капацитет на вода 5000-8000 литри и капацитет на пена 500-800 литри
- специјални возила за шумски пожари со капацитет за вода 800-1500 литри, со опрема за висок воден притисок и соодветни додатоци според барањето на клиентот.
Производна програма на контејнери
Освен производство на противпожарни апарати и опрема, дел од производната програма на КАНАР92 се и санитарните, танспортните, магацинските, канцелариските, како и контејнери наменети за сместување и престој.
Производство на машински делови
Производна програма на делови со точност од 0,001mm, како и произвотство на заварени склопови и нивна обработка, како и изработка на CNC машини од групацијата MAZAK.
|