|
|
Како дел од понудата на производи што доаѓаат директно од погоните на
КАНАР 92 се и контејнерите. Во зависност од нивната намена, располагаме
со санитарни, транспортни, канцелариски, магацински, како и контејнери
за сместување и престој.
|
Производствениот програм за контејнери го започнавме во 1999 година, со контејнери за сместување за полскиот контингент во состав на НАТО трупите, со комплетна организација и подготовка на целиот камп во Качаник, Косово.
Во 2000 година започнавме со производство за армијата на САД .во 2002 година го изградивме комплетно целиот камп со контејнери,платформи и покривна конструкција,како и останатите инфраструктурни потреби.
|